мвр

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

16.11.2023 09:35

При претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм...

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Б.А.(25) од Скопје. При претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм.

Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, информираат од МВР.