Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“
Тој беше водител во 2017-та, 2018-та и оваа 2023-та година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10-ти март 2024-та година.
Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на доделувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.
Тој беше водител во 2017-та, 2018-та и оваа 2023-та година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10-ти март 2024-та година.
Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи – е лице како Кимел, сметаат организаторите на манифестацијата.
Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960-та година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.