Руско-украински конфликт

Руските сили продолжуваат со напади кон Украина

16.11.2023 11:46

Според украинските власти, Москва веќе губи луѓе и опрема кај Авдјевка со поголема брзина отколку кај Бахмут...

Руски напади во неколку правци на Украина. Според украинските власти, Москва веќе губи луѓе и опрема кај Авдјевка со поголема брзина отколку кај Бахмут.

Во меѓувреме, владата во Киев ја повлече статуата на рускиот писател Александар Пушкин од државниот регистар на споменици од национално значење.

Во украинскиот главен град е новиот британски министер за надворешни работи Дејвид Камерон во своја прва работна посета во странство.