МВР

Спасовски во посета на СВР Струмица

16.11.2023 13:36

Спасовски оствари средби со граѓаните во СВР Струмица, како дел од веќе утврдениот концепт „МВР за граѓаните“.

Во рамки на серијата посети со проектот „Отворен кабинет“, со кои се опфатени сите Сектори за внатрешни работи вклучувајќи ги и Одделенијата за внатрешни работи низ државата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средби со граѓаните во СВР Струмица, како дел од веќе утврдениот концепт „МВР за граѓаните“.

„Утринава остварив и работна средба со раководството на овој Сектор, при што бев запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Струмица, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои ги преземаат полициските службеници во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел - подигнување на безбедноста на подрачјето на секторот и заштита на граѓаните. Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на ова  подрачје е поволна, што е особено важно за локалната заедница, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата“, рече министерот Спасовски.

Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам мислењата на граѓаните, како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, да се грижиме за нивната безбедност, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите.