Мвр
Претрес во пробиштипско, пронајдени оружје и муниција
16.11.2023 14:04
Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава...

Денеска полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С.Ј.(33) од с. Пишица, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар.
Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
