Собрание

Извештајот на ЕК пред пратениците, Гир ги повтори критиките

16.11.2023 14:25

Визијата, јасната цел и одговорното управување со институциите е нотирано и во Извештајот на Европската комисија велат од СДСМ. Ако во минатиот извештај во делот на правосудството земјава имала двојка, а сега нула, на што се темели напредокот-прашува опозицијата. И Гир е дециден дека треба уште многу да се работи во делот на правосудството, корупцијата и човековите права, повикувајќи се на Извештајот...

Нема напредок во борбата против криминалот, процесите поврзани со високопрофилирана корупција се засегнати од измените на Кривичниот законик, рече евроамбасадорот Гир пред пратениците. Тој ја посочи и злоупотребата на европското знаме при носење на законите и неопходноста на реформа во јавната администрација.

Вицепремиерот Маричиќ побара пратениците да ги надминат партиските разлики и да работат за иднината на земјата.

Гласни критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За пратеникот Милошоски, последниот извештај е убедливо најлош во историјата.

Власта тврди дека има напредок во 80% од поглавјата, но, за да се отворат е неопходно да се усвојат уставните измени.

 

Анита Димитријевска-Велковска