Нема казни за ненавремено променети документи
Метеж пред пунктот за промена на личните документи без закажување во Скопје. Граѓаните велат, недоволни се 12 кабини за фотографирање. Министерот Спасовски вели 80 насто од граѓаните во внатрешноста ја завршиле процедурата со новите лични документи…

Метеж пред пунктот во спортската сала на полициската станица „Пролет“. Тоа е единствената станица каде што скопјани без закажување термин, може да добијат нови или да ги заменат старите лични карти, пасоши, возачки и сообраќајни дозволи со новото уставно име на државата.
На пунктовите во сите градови надвор од Скопје лични документи се вадат без закажување. Таму се веќе променети 80% од документите.
Како што објаснуваат од полицијата, казни за граѓаните кои нема да ги сменат личните документи заклучно со февруари 2024-та година ќе нема.
Игор Панов
