Израел

Вооружен напад на контролен пункт во близина на Ерусалим

16.11.2023 14:40

Вооружен напад врз контролен пункт што го поврзува Ерусалим со окупираниот Западен Брег. Пет лица се повредени. Напаѓачот е неутрализиран...

Вооружен напад врз контролен пункт што го поврзува Ерусалим со окупираниот Западен Брег. Пет лица се повредени. Напаѓачот е неутрализиран.

Инцидентот следи на 41-от ден од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Израелската армија тврди дека ја продолжува рацијата во болничкиот комплекс „Ал Шифа“.

Советот за безбедност на ООН усвои резолуцијата за хуманитарни паузи во Појасот Газа и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

САД, Велика Британија и Русија беа воздржани. Од израелското МНР децидни, нема место за хуманитарни паузи додека заложниците не бидат ослободени.