Украина

Камерон му вети на Зеленски дека ќе продолжи британската поддршка за Украина

16.11.2023 14:43

Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина сè додека е потребна, изјави новиот шеф на британската дипломатија Камерон...

Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина сè додека е потребна, изјави новиот шеф на британската дипломатија Камерон во првото патување во странство откако беше назначен на функцијата.

Украинскиот претседател ја истакна важноста од средбата, во време кога светот е фокусиран на војната во Блискиот Исток. На фронтот, руски напади во неколку правци на Украина.

Владата во Киев ја повлече статуата на рускиот писател Александар Пушкин од државниот регистар на споменици од национално значење.