Здравство

Злоупотреби во Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје

16.11.2023 14:48

Како што соопштуваат од Министерството, дописот со останатиот доставен материјал ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот.

Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани достави до Министерството за здравство известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот.

Како што соопштуваат од Министерството, дописот со останатиот доставен материјал ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот.

Што се однесува до мандатот на Шабани, на неа мандатот нема да ѝ се продолжи и ќе се прераспредели на друго работно место, соопштуваат од Министерството за здравство.