По Лондон бизнис лобирање во Париз
Први на мапата што „Фајнешл тајмс“
Први на мапата што „Фајнешл тајмс“ и македонската влада ги скицираа како извор на странски директни инвестиции се најдоа Лондон и Париз, оправдано ако се има предвид дека Британија и Франција заедно со Германија се водечки земји во Европа, според бројот на инвестиции што ги реализирале компаниите од овие земји.
„Најниските даноци во Европа, добар бизнис амбиент, одличното место во рамки на Дуинг бизнис што го има Македонија, добрата инфраструктура и квалитетната работна сила се комбинација која наидува на голем интерес кај компаниите од Лондон, а верувам и во Париз, изјави Зоран Ставревски, министер за финансии.
Со „Фајнешл тајмс“, Македонија добива одличен играч во тимот кој треба да донесе стратешки странски инвестиции во земјата. Засилувањето на економијата може да се оцени како добар потег од страна на европскиот економски фактор. „Успехот се појави во време на криза додека никој не инвестираше, Македонија практично беше единствена земја, што успеа да ги привлече инвеститорите“ изјави ...ЕБРД
Една од клучните економски политики на Германија е стратегијата за привлекување на странски вложувања, во таа насока се превземени низа мерки спроведени и голем број реформи, но поефикасно од тоа да зборуваме сами за себе е кога поволностите ги претставува медиум, кој со текот на времето се етаблира во значајна економска институција . „Фајнешл тајмс“ не е само весник и онлајн издание, затоа е мудро да се има таков лобист сметаат искусните во светот на бизнисот.
„Интересно беше да се слушне вашиот премиер, очигледно вие сакате да бидете многу конкурентни што се однесува до даночните стапки, со тоа што даноците од 10 насто за компаниите се намалуваат на нула, ако тие инвестираат“, изјави Мајкл...
За занчењето на „Фајнешл тајмс“ во светот на бизнис тековите зборува и следниот податок, само кинеското издание на пример има повеќе од 2 милиони регистрирани претплатници. Со просек од дневен тираж од преку 2 милиони примероци, 4,5 регистрирани интернет корисници ширум светот и 125 години историја, „Фајнешл тајмс“ е незаобиколен фактор кога економијата е во прашање.
Патувачкиот бизнис караван на „Фајнешл тајмс“, што треба да привлече странски инвестиции во Македонија, се пресели од Лондон во Париз. На француската деловна заедница ќе и бидат претставени сите адути на македонската бизнис клима.Градот на светлината заедно со британската престолнина се два од неколкуте европски центри што имаат клучен збор не само во бизнисот на стариот континент туку и врз глобалната економија.
Специјален известувач на МРТ од Париз, Горан Петрески
