Прва средба на работната група за реформи во Судскиот совет
Во Министерството за правда прва средба на работната група за реформи во Судскиот совет. Анализа на извештаите на Европската комисија и на оценската мисија за работата на Советот. Претседателот Камбовски ексклузивно за МТВ вели- Судскиот совет може да работи и според постојната регулатива, но да нема девијации во примената на законот, создаден како што рече, пред сè од притисоци и директни влијанија на поединци...

Почна со работа групата за реформи во Судскиот совет, којашто треба да ги подготви законските измени. Од понеделник ќе се анализираат извештаите на Европската комисија и на Мисијата за оценување, предводена од експертот Хорватин. Академик Камбовски, кој ја предводи групата, излезот не го гледа во промена на законот. Вели функционален е и постоечкиот, но не смее да се дозволат притисоци и влијанија.
Камбовски уверува дека групата е компетентна, составена од универзитетски професори, судии, претставници на невладините организации, кои треба да подготват решенија.
Министерот Лога, пак, смета дека е потребна сеопфатна реформа на Судскиот совет, а не инстант решенија кои нема да дадат резултат.
Наташа Гркова-Петрушевска
