Железнички сообраќај

Се проценува штетата на мостот кај Градско

16.11.2023 16:02

Ќе се ангажираат нуркачи за да се утврди состојбата на мостот на Црна Река. Пругата кај Стоби ќе биде затворена најмалку два месеца. Дотогаш, проблемот ќе се премостува со автобуси....

Ќе се ангажираат нуркачи за да се утврди состојбата на мостот на Црна Река. Пругата Кукуричани-Градско во близина на Стоби најмалку два месеци ќе биде затворена. Увид вршеа професори од градежниот факултет.

Блокирањето на железничкиот сообраќај кај Стоби нов удар за железницата. Директорот на МЖ Транспорт Демири за МТВ тврди дека нема да се дозволи патниците да останат без основниот превоз. Линиите на овој патен правец нема да се укинат, а со санацијата на мостот, МЖ транспорт ќе обезбеди автобуски превоз.

Зекири тврди дека се прават максимални напори за да се намалат милионските долгови на железница и да се обнови возниот парк. Во рамки на иницијативата Отворен Балкан, министерот Бочварски со српскиот колега ќе потпишат меморандум за изградба на брза пруга Скопје – Ниш.

 

 

Викторија Милевска