Нема опасност за стабилноста на Македонија, вели министерката Петровска
И покрај сите безбедносни закани во регионот, Европа и пошироко нема опасност за стабилноста на Македонија, вели министерката за одбрана Петровска. Останува сите земји од регионот да соработуваат за поголема безбедност и да решаваат отворени прашања преку дијалог, порака од министерскиот состанок на САД-Јадранската група во Скопје. САД остануваат посветени во безбедноста на регионот, потврди американската помошник секретарка за одбрана Валендер …

И покрај сите безбедносни закани во регионот, Европа и пошироко нема опасност за стабилноста на Македонија, вели министерката за одбрана Петровска. Останува сите земји од регионот да соработуваат за поголема безбедност и да решаваат отворени прашања преку дијалог, порака од Министерскиот состанок на САД-Јадранската група во Скопје. САД остануваат посветени во безбедноста на регионот, потврди американската помошник-секретарка за одбрана Валендер.
„Во овој момент согласно информациите со кои располагаме на национално ниво на нашите служби, опасност за Република Северна Македонија, нарушување на нејзината безбедност и стабилност не постои. Меѓутоа останува повикот вклучително и од денешната средба до сите политички авторитети во земјите од регионот и пошироко поактивно да бидат вклучени во политичките дијалози“, нагласи министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Русија ги користи сите отворени прашања за негативно влијание со дестабилизација на регионот, вели министерката за одбрана Петровска.
Од министерскиот состанок на Јадранската повелба заеднички став дека со постојана заемна поддршка и соработка може да се постигнат целите за побезбеден и стабилен регион.
Ирина Гелевска
