Приведени крадци во Битола, одземеното ќе биде вратено на сопственикот
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско...

Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово.
Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба“ и пронајденото ќе биде вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
