Економија

Вицепремиерот Битиќи се сретна со специјалниот претставник за Западен Балкан на Франција

16.11.2023 20:42

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се сретна со Рене Троказ, специјален претставник за Западен Балкан на Француската Република...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се сретна со Рене Троказ, специјален претставник за Западен Балкан на Француската Република, кој беше придружуван од францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер.

Вицепремиерот Битиќи изрази благодарност за поддршката која Франција ја дава на Северна Македонија во нејзините напори за полноправно членство во Европската Унија, притоа истакнувајќи дека за земјата не постои друга перспектива за севкупен просперитет и напредок На состанокот стана збор и за најновиот План за раст на Западен Балкан, кој заеднички беше позитивно оценет затоа што ќе создаде реални можности за дополнителен раст на економиите на земјите од регионот, со што ќе се создадат компетитивни капацитети за вклучување во европскиот пазар уште пред полноправното членство во ЕУ.

Вицепремиерот Битиќи и специјалниот претставник Троказ разговара и за значењето на регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, во насока на зајакнување на националните капацитети во евроинтегративните процеси, при што беше констатирано дека регионалните иницијативи може да направат суштински промени кон полноправно членство во ЕУ.