Колор терапија за „полнење на батериите“

02.06.2014 11:50

Терапиите со бои се базираат на претпоставката дека сите органи кога се здрави имаат карактеристична зачестеност на вибрациите.

Бојата продира низ нашата кожа и влијае на бројни хемиски реакции во организмот. На тој начин, колор терапијата, не само што го поттикнува процесот на излекување, туку е одлична и за превенција од болести.

Светлината и боите ќе ви помогнат да ги „наполните батериите“. Светлината доаѓа од сонцето во вид на бранови чии фреквенции одговараат на фреквенциите на 7-те бои на виножитото.

Терапиите со бои се базираат на претпоставката дека сите органи кога се здрави имаат карактеристична зачестеност на вибрациите.

Секоја болест е всушност природна реакција на организмот на стрес, кој доведува до промени на фреквенциите на енергијата.


Црвена: ги поттикнува процесите кои биле успиени, ја зајакнува силата на нашите сетила, активира, дава виталност, динамичност, ја појачува и ослободува енергијата скриена длабоко во нашиот организам;

Сина: смирува, инхибира, ја зголемува концентрацијата, собира и создава енергија, регулира хиперактивни и воспалителни процеси, како и процесите кои ја нарушуваат рамнотежата во организмот, носи мир и бистрина на умот;

Жолта: зајакнува, го зголемува тонусот, носи добро расположение, стимулира, но не возбудува, ја зголемува енергијата и ослабените процеси, релаксира и ги јакне нервите;

Зелена: допринесува за хармонија, релаксира, смирува, одржува динамичка рамнотежа на психофизичката енергија, ублажува интензивни и болни процеси, носи мир и спокој;

Портокалова: Враќа енергија, оживува, грее, стимулира, делува поблаго од црвената, постепено создава енергија, деблокира процеси во организмот, придонесува за добро расположение;

Виолетова: инспирира, ја ублажува и трансформира енергијата на повисоко ниво, ја стимулира менталната активност, опушта, ја ублажува нервната напнатост и болката;

Индигосина: го прочистува крвотокот, лади, стега и го запира крварењето, помага во случај на сите заболувања на нервниот систем.