МНР
Османи на Улпиана форум во Приштина
17.11.2023 08:11
Како што информираат од МНР, Османи ќе има свое обраќање на панелот насловен „Миграција преку ангажманот на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на Улпиана форумот во Приштина, на покана на заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала-Шварц.
Како што информираат од МНР, Османи ќе има свое обраќање на панелот насловен „Миграција преку ангажманот на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“.
