Собрание

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

17.11.2023 09:02

Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата и на последната седницата ја анализираа собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во оваа клиника.

Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата и на последната седницата ја анализираа собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Според искажаното на последната седница, за пратениците од опозицијата виновен е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој, како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, бил на врвот на пирамидата на криминалот. Додека, пак, за пратениците од власта, опозицијата го политизира случајот со Клиниката и без никакви докази се става во улога на судија и неосновано обвинува.

По расправата за документацијата, Анкетната комисија треба да донесе формални заклучоци. Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.