Македонија

Самсоненко се најде на црната листа на САД

17.11.2023 09:27

На листата завршија и пет фирми кои се поврзуваат со нив, меѓу кои се „Орка Холдинг“ и „Систина Лајф Кеар центар“...

САД ја проширија црната листа на лица од Македонија поради корупција. Покрај Орце Камчев, за персона нон грата се прогласени неговата мајка и брачниот пар Самсоненко. На листата завршија и пет фирми кои се поврзуваат со нив, меѓу кои се „Орка Холдинг“ и „Систина Лајф Кеар Центар“. Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот парцели на Водно, во кој Русинот сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење пари.

На листата е и бизнисменот Миодраг Давидовиќ-Дака, познат во Македонија по скандалот „Шик Јелак“, a во наредбата се спомнува и експремиерот Зоран Заев. На американската црна листа се и експремиерот Груевски, поранешниот прв човек на УБК, Мијалков и градоначалникот на Струга, Мерко.