Шпанскиот крал Хуан Карлос абдицираше, ќе го наследи неговиот син Фелипе

02.06.2014 12:11

Престолот ќе го наследи неговиот 45-годипен син Фелипе...

Шпанскиот крал Хуан Карлос одлучи да се повлече и абдицираше од кралскиот трон, соопшти денеска премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.
 
Хуан Карлос има 76 години и во последно време имаше проблеми со здравјето. Тој на престолот е од 1975 година, по падот на диктатурата на Франциско Франко.
 
Престолот ќе го наследи неговиот 45-годипен син Фелипе.
 
Хуан Карлос важеше за еден од најпопуларните монарси во светот, но неговата популарнст во Шпанија драстично се намали последниве години, најмногу поради корупциската афера со неговата ќерка и нејзниот сопруг.
 
Аферата се провлекува неколку години и Шпанците веруваат дека аферата не смее да се забошоти само затоа што актерите се припадници на кралското семејство.