Македонија

Новинарски протест „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“

17.11.2023 09:37

Судот нема право да одредува кој смее, а кој не смее да работи како новинар, се вели во најавата за протестот.

Пред скопскиот Граѓански суд, новинарски протест „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, во организација на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Реакција на тужбата за навреда и клевета против Истражувачката репортерска лабораторија, поднесена од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Според пресудата, ИРЛ и уредничката Цветковска изнесле невистинити факти во епизодата „Заговор против воздухот“, емитувана на 16-ти мај 2021-ва година на МТВ.

Време е гласно да кажеме дека правото на граѓаните е пред правото на моќниците. Судот нема право да одредува кој смее, а кој не смее да работи како новинар, се вели во најавата за протестот.