СДСМ: Поскапи цени за граѓаните и неработа, две години локална власт на ДПМНЕ со резултат нула
Од партијата нагласуваат- проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа збирки на лажни и нереализирани ветувања. Истовремено удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

После две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Градоначалниците и локалните власти на ДПМНЕ не работат ништо за граѓаните, освен што им ги поскапуваат цените и ги задолжуваат граѓаните, соопштуваат од СДСМ.
Од партијата нагласуваат- проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа збирки на лажни и нереализирани ветувања. Истовремено удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.
Мицкоски и ДПМНЕ не ја оправдаа довербата којашто им ја дадоа граѓаните. ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега, стои во соопштението.
