МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година
МОН очекува понуди за издавање по еден учебник за седмоодделенци за наставните предмети: Македонски јазик, Албански јазик, Српски јазик, Турски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки, Историја и општество и Албански јазик (изборен предмет) за VII одделение и Албански јазик (јазик на заедницата) за V одделение.

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за учебници за наставни предмети за седмо одделение кои ќе се користат од идната учебна 2024/2025 година.
Според објавениот конкурс, МОН очекува понуди за издавање по еден учебник за седмоодделенци за наставните предмети: Македонски јазик, Албански јазик, Српски јазик, Турски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки, Историја и општество и Албански јазик (изборен предмет) за VII одделение и Албански јазик (јазик на заедницата) за V одделение.
Надоместот за пренос на материјалното авторско право за секој од учебниците е во нето износ од 327.510 денари. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
Во објавениот Конкурс се наведени условите и начинот на учество, критериумите за избор на автори што ќе се пријават и документацијата што треба да биде поднесена. Рокот за доставување на ракописите за учебници ќе заврши на 15 јануари 2024.
