БРАЗИЛ
Шумски пожари зафатија делови од Бразил
17.11.2023 11:41
Според Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро, имало 3.024 пожари во првите 15 дена од ноември. Особено интензивни се пламените јазици околу најголемите тропски мочуришта во светот...

Поради топлотниот бран, шумски пожари зафатија делови од Бразил. Според Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро, имало 3.024 пожари во првите 15 дена од ноември. Особено интензивни се пламените јазици околу најголемите тропски мочуришта во светот.
Федералната влада испрати засилување за гаснење на пожарот, додека волонтери и невладини организации се обидуваат да помогнат во спасување на повредените животни.
