Украина тврди дека има успешни операции на брегот на Дњепар
Украинската армија тврди дека имала успешни операции на брегот на реката Дњепар. Руските сили нападнале области со дронови „Шахид“. Биле лансирани и неколку противвоздушни ракети C-300 во правец на Доњецк. Загинати и повредени во напад на Херсон...

Украинската воздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта руските сили нападнале области со дронови „Шахид“. Биле лансирани и неколку противвоздушни ракети С-300 во правец на Доњецк. Загинати и повредени во напад на Херсон. Во одбивањето на нападот од воздух учествувале борбени авиони, противвоздушни ракетни единици и мобилни противпожарни групи. Киев тврди дека има успешни операции на левиот брег на реката Дњепар. Новиот шеф на британската дипломатија по Киев ја посети и Одеса.
„Добивме многу цврсто уверување дека британската поддршка нема да се промени и ќе се зголемува додека Украина не постигне победа во војната против рускиот агресор. Нашата војска и поморските сили извојуваа голем број победи кои го импресионираат целиот свет, тие ја потиснаа руската флота од нашите брегови, успеавме да го продолжиме извозот на украинското жито благодарение на поддршката на Обединетото Кралство“, изјави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
Градот и пристаништата се на удар на руски напади откако Москва во август одби да го обнови договорот со кој на Украина и се овозможува безбедно извоз на жито преку Црно Море. Од пропаѓањето на договорот за жито, новиот коридор овозможи 91 брод да извезуваат товар. Камерон вети дека Велика Британија ќе продолжи да обезбедува воена поддршка додека Украина не победи во војната со Русија.
„Задоволен сум што стојам на брегот на Црното Море, каде што украинската морнарица имаше огромен успех во победувањето на руската и преземањето многу поголема контрола врз овој витален поморски коридор“, изјави Дејвид Камерон, министер за надворешни работи на Велика Британија.
Во меѓувреме, Претседателот на САД, Бајден, потпиша нацрт-закон за финансирање на работата на федералната влада. Планот не ги вклучува 106-те милијарди долари помош за Израел и Украина, што администрацијата ги бара за помош на двете земји.
Марина Стојанова-Тонева
