Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот
Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од 1 до 1,5 денари за литар, одлучи денеска регулатурната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари и ќе чини 80,5 денари за литар. Цената на Еуросуперот БС 98 се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 82 денари за литар. За 0,5 денари поскапува Еуродизелот кој ќе се продава за 68 денари за литар.

Повисока цена за 1 денар ќе има екстралесното масло за домаќинство и таа ќе изнесува 57 денари за литар, а мазутот поскапува за 1,144 денари и еден килограм ќе се продава за 41,636 денари.