ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски потпишува меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз
Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија- велат од партијата...

Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека додека Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија.
Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија. Му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните- стои во соопштението од партијата.
