Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка помеѓу МВР, ЈО и Царинска управа
Притоа, меморандумот ќе резултира со формирање на заедничка Работна група која ќе се грижи за негова имплементација и за унапредување на размената на информации и заеднички истраги за сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви...

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот поврзан со огнено оружје помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Царинската управа на Република Северна Македонија, а со цел зајакнување на соработката помеѓу трите најповикани институции во државата за гонење на криминалот поврзан со огнено оружје.
Притоа, меморандумот ќе резултира со формирање на заедничка Работна група која ќе се грижи за негова имплементација и за унапредување на размената на информации и заеднички истраги за сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви.
Меморандумот во име на институциите го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Јавниот обвинител на Република северна Македонија Љубомир Јовески и со овластување од генералниот Директор, Директорот на Секторот за контрола и истраги од Царинската Управа, Саша Огњеновиќ, а е организирано од Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации – УНОДЦ, преку својата програма за огнено оружје – ГФП.
