Македонија дел од ЕУ-Борбената група
Подготвеноста на борбената група ќе се оценува на заедничката вежба „Брз рис“ што ќе се одржи во Белгија, а целосно треба да биде оперативна од први јули...
Армискиот контингент од околу 150 припадници во наредните 6 месеци ќе биде дел од борбената група на Европската Унија.Македонија заедно со Холандија, Луксембург, Шпанија, Германија и Белгија во наредните 6 месеци ќе декларира чета за заштита на силите, со мисија, обезбедување на штабот и ВИП личности и патролирање.
Подготвеноста на борбената група ќе се оценува на заедничката вежба „Брз рис“ што ќе се одржи во Белгија, а целосно треба да биде оперативна од први јули.
„Со ова давате јасен сигнал како припадници на Армијата, а и Република Македонија дека ја подржуваме безбедносната политика на Европската Унија во однос на одбраната. Од вас очекувам дека сите стандарди, критериуми како поединци, како единица ќе ги исполните и успешно ќе ја презентирате и Армијата на Република Македонија и Република Македонија“, порача началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.
Учеството на Македонија во заедничката надворешна и одбранбено-безбедносна политика на Европската Унија е еден од елементите при оценката на Европската Комисија за исполнувањето на критериумите за членство и показател на подготвеноста на земјите за преземање на обврските од тој домен.
Унијата организира сопствени борбени капацитетити кои согласно со интересите би можеле да се употребат за справување со безбедносните предизвици на оддалеченост и до 6 илјади километри од европската престолнина Брисел.
До крајот на годинава НАТО се повлекува од Авганистан, па според планираното така ќе се однесува и Република Македонија. Ќе го намали бројот на војниците, но за сметка на тоа, со нов предизвик, овојпат учество во борбената група на Европската Унија.
Милчо Велески
