Новинарите на протест поради пресудата против ИРЛ
Пред скопскиот Граѓански суд, новинарски протест „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, во организација на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Реакција на тужбата за навреда и клевета против Истражувачката репортерска лабораторија, поднесена од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев…

„Правото на граѓаните пред интересите на моќниците“ беше мотото на протестот на седмата сила пред Граѓанскиот суд во Скопје. Новинарите го кренаа гласот против, како што рекоа, срамната пресуда во случајот против ИРЛ, со којашто Судот се впуштил во оценка кој е новинар, а кој не е. Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се занимаваат со новинарство.
ССНМ реагираше дека станува збор за произволно толкување на законите од страна на судската власт, надвор од нејзините ингеренции.
Оттаму рекоа дека има можности за организирање обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање на интегритетот на новинарите.
Александра Велинова
