Култура

Комеморација за актерот Мето Јовановски во Драмски театар во вторник

17.11.2023 13:49

Јовановски замина во легендите на 77 годишна возраст. Остави неизбришлива трага на уметничката сцена.

Комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21-ви ноември во 11 часот на големата сцена на Драмски театар Скопје, информираат од театарот.

Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20-ти ноември во 11 часот.

Јовановски замина во легендите на 77 годишна возраст. Остави неизбришлива трага на уметничката сцена.

Последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во Драмскиот театар. Оттаму велат дека Јовановски бравурозно ја изиграл својата последна претстава „Моето име е Горан Стефановски“.

Јовановски е добитник на многу награди: „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат е на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“. Неговите реплики уште долго ќе се повторуваат.