Протест

Вработените од судската и јавнообвинителската служба протестираа за повисоки плати и додатоци

17.11.2023 14:36

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организираа двочасовен протест на кој го искажаа незадоволството од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба...

Вработените во судската и во јавнообвинителската служба на протест пред Владата. Побараа зголемување на платите, онолку колку што добија избраните и именуваните лица. Се заканија дека ако нема договор, ќе се радикализираат и ќе протестираат секој ден.

Работиме во институции со најголеми обврски во државата и најспецифични задачи, но, досега не наидовме на разбирање, велат учесниците на протестот.

Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27-ми септември штрајкуваат, барајќи исплата на додатоците и зголемување на платите за 78 проценти.

Претставници на Синдикатот на УПОЗ досега одржаа две средби со Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на барањата.

 

 

 

Александра Спировска