евроинтеграции

Регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

17.11.2023 14:39

Во Владата прв Регионален министерски состанок за планот за раст на Западен Балкан. Присуствуваа министри од шесте држави од Западниот Балкан и претставник на директоратот на проширување на Европската комисија. Планот за раст од 6 милијарди евра е дел од приближувањето во ЕУ на земјите од регионот пред полноправното членство, но само ако се забрзаат реформите...

Европскиот план за раст од 6 милијарди евра пред министрите од Западен Балкан. Финансискиот пакет треба да донесе поттик за домашните реформи и удвојување на економиите на државите во рок од 10 години, со што кандидатите ќе станат поподготвени за членство.

Македонија ќе може да користи средства од Планот за раст и ако не го исполни условот за продолжување на преговорите, објаснија од директоратот за проширување.

Планот за забрзување на реформите за судството, борбата со корупцијата, реформата на јавната администрација заеднички ќе се подготват од македонските власти и ЕУ.

Во наредните 6 недели Македонија ќе треба да подготви план за реформи со финансии од Планот за раст на ЕУ.

За сите користени средства од Планот за раст, одобрување и контрола ќе има Европската комисија.

 

Ирина Гелевска