Се зголемува бројот на каснати од крлежи- само во мај помош побарале 111 лица

02.06.2014 13:22

Засега нема појава на некоја од болестите, ниту компликаци. Сите биле пуштени на домашно лекување...

Лекарите предупредуваат внимателно на ливадите, парковите и шумите поради каснување од крлежите. Најдобра заштита се долги панталони и ракави кога се седи на трева, особено на места каде што се движат животни.

Доколку некој е каснат, да побара помош во најблиската лекарска ординација. Граѓаните да не се обидуваат сами да го извадат, за да не настане инфекција од нестерилен прибор или пак да не остане главата на крлежот.  Да се следат промените на каснатото место и по еден месец, и доколку се појави црвенило, температура, треска, задолжително  да се оди на лекар.

Само во мај годинава на Инфективната клиника 111 лица побарале помош затоа што ги каснал крлеж. Засега нема појава на некоја од болестите, ниту компликаци. Сите биле пуштени на домашно лекување.

Некои болести  може да се појават подоцна. Не секој крлеж може да ги пренесе, но сепак има опасност од лајмска болест, хеморагична треска и воспаление на мозокот. 

Соња Стојановска