ИН МЕМОРИАМ
Почина Божидар Николовски, поранешен вработен во МРТ
17.11.2023 16:36
Почина Божидар Николовски, поранешен вработен во Македонската радио-телевизија. Завршил Филолошки факултет, а од 1977 година до неговото пензионирање работеше во јавниот сервис...

Почина Божидар Николовски, поранешен вработен во Македонската радио-телевизија. Николовски е роден на 16-ти ноември 1948 година во Скопје.
Завршил Филолошки факултет, а од 1977 година до неговото пензионирање работеше во јавниот сервис, како новинар и уредник на вестите и на дневникот на јавниот сервис.
Нашиот Бошко беше неуморен работник, секогаш подготвен да помогне, трпелив и прецизен во работата. Неговото последно испраќање ќе биде утре од 12 часот и 30 минути во капелата на градските гробишта во Бутел.
