Студентите бараат подобра храна и услови во домовите и квалитетно и непартизирано образование
Подобра храна и услови во домовите, квалитетно и непартизирано образование – дел од барањата кои студентите ги претставија на меѓународниот ден.

Се поголем е бројот на млади лица кои ја напуштаат нашата земја. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на студентите. Студентите велат дека се соочуваат со низа проблеми и токму затоа својата перспектива ја гледаат надвор од нашата земја.
Со празен стомак не може да се учи. Во мензите на студентските домови се сервира храна со лош квалитет, а некаде нема ниту појадок. Условите за престој се лоши, се пожалија академските граѓани. За Александар Мирчевски, ова се дел од причините зошто младите си одат од земјава.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание, бара средба со министерот за образование и наука.
Потребно е да се поттикне општествената одговорност на заедницата за поголема грижа за студентите, став на деканот на филозофскиот факултет.
17 - ти ноември е Меѓународен ден на студентите.
Ана Јосифовска Тодоровска
