Средба Пендаровски со членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, коишто престојуваат во Северна Македонија по повод одржувањето на Годишниот самит...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, коишто престојуваат во Северна Македонија по повод одржувањето на Годишниот самит, чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Градоначалниците го информираа претседателот Пендаровски за нивните очекувања и темите на дискусија на овогодишниот самит насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“, на којшто ќе учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународните организации. Тие истакнаа дека целта на овој меѓународен собир е да ја поддржат и зајакнат улогата на градовите и локалните лидери во обезбедувањето на подобар, подемократски, поодржлив и поинклузивен свет за граѓаните.
Претседателот Пендаровски посочи дека преку оваа глобална платформа градоначалниците имаа можност да разменуваат меѓународни искуства од успешно спроведени активности, да се вмрежуваат и да соработуваат на заеднички проекти, со што ќе придонесат за надминување на предизвиците и подобрување на услугите, во интерес на граѓаните, стои во соопштението од Кабинетот.
