Временска прогноза

Променливо облачно и студено, на повисоките места снег

18.11.2023 08:02

Променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец...

Променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.