Скопје

Во Скопје самит на Глобалниот парламент на градоначалници

18.11.2023 08:13

Во Скопје денеска се одржува самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023...

Во Скопје денеска се одржува самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023.

Тема на самитот, на кој е најавено присуство на околу 150 градоначалници од целиот свет, е „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“.

Како што информираат од Град Скопје, самитот ќе го отвори градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а се очекува да се обратат и претседателот Стево Пендаровски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир и генералниот секретар на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Матие Мори.

Претседателот Стево Пендаровски вчера ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, кои престојуваат во земјава по повод одржувањето на самитот.