Велес

Старата железничка станица во Стоби се преуредува во Центар за посетители

18.11.2023 09:05

Бројните посетители на локалитетот Стоби не можат да ги видат откриените артефакти и предмети, бидејќи нема место каде да се изложат. Започна да се преуредува старата железничка станица во Стоби во центар за посетители...

Започна да се обновува старата железничка станица во Стоби, која ќе биде наменета во Центар за посетители. Така конечно локалитетот ќе има простор каде ќе се изложи движното наследство. Пронајдените предметите и артефактите посетителите немаат можност да ги видат.

Од безбедносни причини таму ќе бидат изложени реплики на пронајдените предмети. Проектот се финансира од ЕУ преку ИПА фондовите за меѓу гранична соработка со Грција и градот Кукуш. Центарот за посетители ќе ја збогати туристичката презентација на археолошкиот локалитет Стоби, ќе придонесе во зголемувањето на сопствените приходи на установата. Градежните работи и адаптацијата треба да заврши до месец април до година.

Годинава за десет месеци локалитетот Стоби го посетиле над 20 илјади туристи, што од странство на минување, од или за Грција но и од ученици од Македонија, кои тука престојувале на екскурзија.

 

 

Петар Печков