Проблеми со отпадната пластика, нема извоз
Поради драстично намалениот извоз, прилепски комуналец има голем проблем со отпадната пластика. Се чува, се прават трошоци. Надежта е да се отвори пазарот, а државата да помогне во рециклирачки центри. Селектирањето на отпадот е многу битно и со изградбата на регионалната депонија во Новаци...

Со месеци прилепски Комуналец не може да најде решение за пластиката. Големи количества стојат во одделението за рециклирање, се прават трошоци. Извозот на пластиката е драстично намален. Прилеп е лидер во селектирањето на отпадот и се предлага државата да помогне за рециклирачки центри. Годишно се селектираат до 1.200 тони пластика и хартија.
За Југозападниот регион ќе се гради депонија во Новаци. Во Прилеп ќе биде претоварен центар за четири општини. Битна е селекцијата, зашто поскапо ќе чини ако се носи повеќе отпад во регионалната депонија. Ќе се селектира и биоразградливиот отпад.
Граѓаните селектираат, ама за колективните згради бараат соодветни услови.
Кај градската депонија Алинци е предвидена компостира, а до неа и фабрика за секундарна селекција на отпадот.
Елизабета Митреска
