Попоски на средба со австрискиот колега во Виена
Министрите ќе разговараат за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, како и поттикнувањето економската активност во Југоисточна Европа...

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Виена има средба со австрискиот министер за интеграции и надворешни работи, Себастијан Курц, во контекст на австриското претседавање со Централно европската иницијатива.
Министрите ќе разговараат за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, како и поттикнувањето економската активност во Југоисточна Европа.
Утре се одржува Виенската конференција за Западен Балкан 2014, на тема: „ЕУ како мировен проект – следни чекори во процесот на проширување“, на која ќе учествува и македонскиот шеф на дипломатијата.
