Македонија

Премиерот Ковачевски – домаќин на „Македонска вечер во Белград“

18.11.2023 09:23

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски...

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓу другото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македонското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.

На „Македонската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.