САД
Пукање во психијатриска болница во Њу Хемпшир
18.11.2023 09:49
Неколку лица се убиени во масовно пукање во психијатриска болница во Њу Хемпшир...

Неколку лица се убиени во масовно пукање во психијатриска болница во Њу Хемпшир. Според полицијата, осомничениот напаѓач кој отворил оган во лобито на установата е застрелан.
„Местото останува активно бидејќи е лоцирано едно сомнително возило. Осомничениот е мртов. Сите пациенти се безбедни“, изјави полковник Марк Хол, државна полиција Њу Хемпшир.
Мотивот за инцидентот во болницата која има приближно 185 кревети сè уште се истражува.
