Пелагонија

Алармантни сигнали од нашата најголема житница

18.11.2023 10:58

Алармантни сигнали доаѓаат од нашата најголема житница. И по длабоко пробиените оптимални рокови дури и по календарот на климатските промени есенскиот сеидбен план засега е половично реализиран...

Четиримесечниот сушен период е главната причина што нашата најголема житница испраќа алармантни сигнали. Есенската сеидба со ниска реализација дури и по календарот на климатските промени кој оптималните рокови ги пролонгира до 5-ти ноември.

Додека за упорните земјоделци последниве дождови се спасот сеидбата да добие на динамика, а во пробиените оптимални рокови гледаат можност за друг бенефит, експертите со апел да се применуваат сеидбените параметри во вакви услови.

За агрономите во нискиот процент на засеаност влијание има и психолошкиот момент на земјоделците по минатогодишната скапа сеидба и ниската откупна цена на пченицата.

Инаку, по традиција во Пелагонија есенски култури се сееле на околу 15.000 хектари од кој 80 отсто отпаѓале на пченица. Колку до овие параметри ќе се доближат земјоделците зависи од временските услови во следниот период.

 

 

Стевче Митревски