Битола

Мултисензорна изложба „Уметност и архитектура во 2Д и 3Д“

18.11.2023 11:26

Мултисензорна изложба на 20 тактилни предмети изработени од месинг, во 2Д и 3Д. Тактилните слики се инспирирани од постојаната музејска поставка на Завод и музеј-Битола истите се пропратени со опис, за секој експонат е подготвена аудио приказна и видео на знаковен јазик, текстови на Брајово писмо, и нфц такови. На ваков начин музејот им овоможува поголема пристапност и инклузија на лицата со одредени попречености. До сега музејот има изработено околу 150 вакви тактилни слики...

За прв пат во Македонија изработени се 20 татктилни предмети од месинг, во 2Д и 3Д форми, поддржани со qr кодови, аудио нарации, видеа на знаковен јазик, и Брајово писмо. На овие слики се прикажани дел од експонатите од постојаната музејска поставка при Завод и музеј Битола како и дел од фасадите на значајни битолски објекти.

Многу важен дел од овие тактилни предмети, особено за лицата со оштетен вид и слух се нфц таговите, кои се поставени на самите експонати, преку кои со помош на мобилен уред се доаѓа до аудио нарација и видеа на знаковен јазик.

Целта на оваа мултисензорна изложба е уметноста и архитектура да се доближи до лицата со различни попречености. Изложбата ја посетија членовите на Здружението на слепи и слабовидни лица како и ученици од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор и глас.

До сега Битолскиот музеј има изработено околу 150 тактилни слики, преку кои се овозможува поголема пристапност и инклузија на лицата со одредени попречености.

 

Акександра Максимовска