Отстранување на бариерите за лицата со инвалидитет
Инфраструктурните бариери се повеќе ги држат лицата со посебни потреби „затворени“ во својот дом. Тие и понатаму се соочуваат со бирократски процедури да ги добијат своите помагала, со што дополнително им се отежнува животот. Утехата ја гледаат во нивната меѓусебна дружба на кои одржуваат и натпревари...

Ова е традиционалниот натпревар во табла за лица со телесен инвалидитет кој секоја година се одржува во тетовска Брвеница. Но и еден е од ретките оти голем број од објектите како приватни така и државни не се адаптирани за оваа категорија граѓани. Проблем е и пристапноста односно инфраструктурните бариери.
Загрижува фактот што и образованието по дефиниција во Македонија е задолжително, а во училиштата нема никакви услови за децата со телесен инвалидитет, велат инвалидизираните лица.
Учесниците на натпреварот за пожалија дека се помалку млади лица со телесен инвалидитет учествуваат на ваквите натпревари и се занимаваат со спорт. Вината за тоа како што посочија е во немањето на услови за спортски дисциплини за лицата со посебни потреби.
Зоран Димовски
