Расте меѓународната загриженост за судбината на пациентите во болницата „Ал Шива“
Првата пратка гориво влезе во Газа. По барање на директорот на болницата „Ал Шифа“ израелската одбрана отвори безбедна рута за тие кои сакаат да заминат. Расте меѓународната загриженост за судбината на пациентите...

Првата пратка гориво влезе во Газа, откако израелскиот воен кабинет по барање на САД одобри редовни дневни испораки до појасот, овозможувајќи обновување на комуникациските услуги.
„Не сакаме болести кои можат да им наштетат на цивилите и нашите сили. Тоа се минимални количини, можеби 2-3 насто од горивото што порано влегувало во Газа“, изјави Цачи Хангеби, советник за национална безбедност на Израел.
Дел од министрите во израелската влада потегот го оценија како тешка грешка. Во исто време, изутрина израелската одбрана по барање на директорот на болницата „Ал Шифа“ отвори безбедна рута за оние кои сакаат да заминат. Пребарувањето на болницата продолжува.
„Продолжуваме со оперативната активност во болницата „ Ал Шифа“. Веќе лоциравме повеќе подземни инфраструктури. Собираме информации за киднапираните“, изјави Дниелхагари, портпарол на израелската одбрана.
Меѓународната загриженост за судбината на пациентите расте. Се бара прекин на борбите и отворање пат за излез од кризата.
„Дури и ако Хамас ја користел за воени цели, болницата и општо сите здравствени установи никогаш не се без заштита според хуманитарното право“, изјави Тедрос Гебрејесус, генералниот директор на СЗО.
„Мора да има прекин на огнот, не само за да се достави итно потребната храна и помош, туку и за да се создаде пат за излез од овој ужас“, изјави Волкер Турк, висок комесар за човекови права на ООН.
По заземањето на северот на Газа, израелската одбрана се насочува кон југот. Бараат населението да се евакуира. ЕУ повикува на политичко решение. Шефот на европската дипломатија, кој е во посета на Блискиот Исток, побара од Арапскиот свет да учествува во воспоставувањето одржлив мир.
„Ја споделуваме загриженоста за цивилните загуби и во Израел и во Газа. Ова бара заеднички напор од Арапскиот свет и од Европејците. Мислам дека заедно можеме да се заложиме за одржлив мир“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
„Треба да разговараме понатаму и подлабоко, се чини дека не е посветено доволно внимание на потребата за итен прекин на огнот. Но, пушките мора да престанат“, изјави Фајсал Бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија.
САД го засилија притисокот врз Катар да обезбеди ослободување на околу 240 заложници, по извештаите на Израел дека нема да прифати каков било договор што предвидува раздвојување на членовите на семејството.
Бојана Крстевски
