Македонија

Османи: Нема друга опција освен евроинтеграциите

18.11.2023 15:47

При крај се подготовките за претстојниот самит на ОБСЕ, се одвиваат според предвидената динамика. До среда се очекува конечна одлука дали Лавров ќе пристигне во Скопје. Промовирана и специјална поштенска марка во знак на претседавањето со ОБСЕ...

Министерскиот совет на ОБСЕ ќе биде најзначајниот настан во земјава, но и за организацијата чија иднина ќе се решава во Скопје. Претседавачот Османи смета дека повеќето од 57-те делегации ќе присуствуваат на Министерскиот совет и ќе учествуваат во носењето одлуки за работата на ОБСЕ по 2023-та.

Османи го поздрави дополнувањето на американската црна листа со тројца македонски државјани, како поддршка на САД за справување со корупцијата. Шефот на дипломатијата смета дека освен евроинтеграциите, Македонија нема друга опција. Се до последен момент не треба да се откажеме.

Сè уште трае дебатата во ДУИ дали Османи ќе биде идниот премиер на техничката влада 100 дена пред изборите. Министерот за внатрешни ги коментираше и реакциите по поставувањето на крстот на Попова Шапка. Смета дека тоа е предизборна кампања на како што вели-националистичките партии од албанскиот и од македонскиот блок, кои имаат цел само да ги подгреваат меѓуетничките и меѓуверските тензии.

 

Ирина Гелевска